Даути Комерц и Пoфикс наградени со “Superbrand”

22 Декември 2016 -Компании, личности и производи вчера беа прогласени за Супербрендови во Македонија. Признанијата за најсилните пазарни марки во земјава за 2015 и 2016 година ги додели Superbrands меѓународната организација во Македонија. Oваа меѓународна организација во Македонија за прв пат го додели знакот „Superbrands“ на компании, организации и личности од Македонија во 2009 година.

На свеченото доделување на признанијата беше претставено и новото издание на Superbrands публикацијата во која секој бренд ја раскажува својата успешна приказна.

Добитнци се: Anhoch, Backstage, City Радио, Даути, Дуки Дасо, Дуна, Еурофарм, Еуролинк, Капитал, Комеерцијална банка, Круна МС, Љубојна, Плива, Пофикс, Пропоинт, Проспера, Семос, Скопски Саем, Солета, Специјал, Теа Модерна, Телеком, Трансмет, УТМС, Жикол и Жито се брендовите кои станаа дел од соѕвездието на Superbrands.

Comments are closed.