Денес, Стопанската комора на Северозападна Македонија, преку Министерството за надворешни работи на РМ, прими допис од Канцеларијата за врски на РМ во Атина, Грција, со кој известуваат дека г-ѓа Елени Кацикарони, претставничка на грчката компанија FERRO, ја контактирала Канцеларијата за врски за да бара можност за соработка со компании од Македонија кои произведуваат картонска амбалажа.
Компанијата FERRO е со седиште во Атина и се занимава со производство на леб, бисквити и други производи од пекарската индустрија. Оваа компанија е заинтересирана за основање соработка со компании од Македонија, кои се занимаваат со производство на картонска амбалажа.
Сите заинтересирани компании за оваа соработка можат да се обратат на следниот контакт:
г-ѓа Елени Кацикарони, Маркетинг оддел
FERRO S.A.
Тел.: +30 210 6038436/-8
Факс: +30 210 6039002
Е-маил: marketing1@ferro.gr
Веб страна: www.ferro.gr



