Групација на Жени Претприемачи
Во рамки на Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија функционира и Групацијата на Жени Претприемачи. Оваа групација е формирана во мај 2014-та година. Најважната цел е соработката помеѓу понежниот пол со сите бизнис сфери. СКСЗМ има јасна цел со тоа што секогаш ќе најде нови начини на соработка, унапредување, промовирање, и вклучување на жената во бизнисот, како и создавање на поширока мрежа во оваа сфера. Исто така, СКСЗМ дава и поддршка и совети на ГЖП, кои ќе помогнат во надминување на кризите и бариерите кои постојат во деловниот свет. ГЖП има цел секогаш да биде отворена и атрактивна за нови членови со кои ќе може да се создаде нов дух на бизнисот во деловната област.
Од страна на разните активности, СКСЗМ прави заштита на интересите кои ќе помогнат во промовирањето на бизнисите во и надвор од државата. Една од најважните цели е олеснување на пристапот до клучни информации кои се важни за водење на бизнис, информации кои ќе придонесат за постигнување на позитивни деловни резултати. СКСЗМ постојано и без двоумење ќе настојува да ја поддржу групацијата на бизнис жените.
За сите тие што се заинтересирани да станат дел од членството на СКСЗМ, истовремено стануваат и членови на ГЖП. За секоја дополнителна информација Ви стоиме на располагање.
Деск за услуги со членството
Тел: +389 2 3239 252
E-мејл: info@oemvp.org