Групацијата на Бизнис Жени – Размена на искуства со косовските компании од секторот на дизајн
30 Mарт 2017 – Како дел од активностите за промовирање на претприемништвото, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, во соработка со Empower Kosovo и Kosovo Apparel Marketing Association – KAMA денеска одржa Б2Б средби со компаниите од секторот на дизајн во Центарот за Развој на Бизнисот при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово.
Состанокот започна со поздравен говор од координаторот на Групацијата на Бизнис Жени (ГБЖ) при СКСЗМ г-ца Едита Мерсими која им посака добредојде на учесниците и ги претстави целите на Групацијата и СКСЗМ во општо.
На средбата присуствуваа компании од Косово и Македонија кои ги промовираа своите производи, услуги како и ги разгледаа можностите за меѓусебна соработка во иднина.
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во својата стратегија предвидува промовирање на претприемништвото и конкурентноста на претпријатијата со посебен акцент на тие управувани од жени, па преку оваа активност промовираше вмрежување помеѓу локалните и меѓународните бизниси со цел да се олесни размената на професионалното знаење и искуство.