Групацијата на бизнис жени на меѓународниот Б2Б во Приштина
21 Март 2016 – Групацијта на бизнис жени на Стопанската комора на Северо – Западна Македонија од денеска до 23 март ќе биде дел од “Б2Б меѓународен настан на женското претприемништво”, во организација на Приштина Реа во Приштина.
Во рамките на оваа организација, денеска се одржа и конференција за промоција на партнерствто и унапредување на претприемништвото кај жените претприемачи и нивна интернационализација. На оваа конференција, обраќање имаа министерот за економски развој Блеранд Ставилеци, претставници на Владата на Косово, Афердита Сарачини од Стопанската комора на жените од Косово и претседателката на Групацијата на бизнис жени од СКСЗМ г-ѓа Гзиме Фејзи, која ја презентираше работата на оваа групација и можностите за финансирање на женското претприемништво.
На настанот учествуваат и други Стопански комори и мрежи на бизнис жени од Турција, Италија, Франција и соседните земји. Главната цел на оваа иницијатива е да ги обедини жените за соработка за економски прашања, подобрување на својата позиција во општеството, како и воспоставување на мрежи на соработка помеѓу локалните деловни жени од Косово со деловните жени од разни меѓународни земји, преку размена на најдобрите практики и партнерства помеѓу Комори и здруженија на бизнис жени, преку Б2Б состаноци.
Како резултат на оваа активност, се очекува раст на потенцијални нови работни места и генерирање на приходи преку создавање на подобро позиционирање на пазарот за малите и средните бизниси, вклучувајќи го и агробизнисот и земјоделците.
Оваа иницијатива беше спроведена заеднички од страна на Приштина РЕА во соработка со Комората за трговија и индустрија и Abigem од Кочаели (Турција), Fabbrica Cultura асоцијација од Анкона (Италија), Комората за трговија и индустрија Париз (Франција), здруженија на стопански комори на бизнис жени од Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија.
Во фокусот се размена на искуствата на жените од бизнис-секторот во областа на туризмот, занаетчиството, опрема, текстил и облека, обработка на агро-храна, машини и автомобилската индустрија, Б2Б и бизнис средби и посети на терен во Приштина, Грачаница и Митровица.