Групацијата за земјоделство и рурален развој во рамките на СКСЗМ, членка на Б.А.А.Н.
Групацијата за земјоделство у рурален развој, основана во рамките на СКСЗМ, од 30 септември до 2 октомври, учествува на регионалната конференција, организирана во Скадар преку извршниот директор Арбен Халили. Учесници на оваа конференција се различни земјоделски организации од земјите на регионот, Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија.
Исто така ко-организатори на оваа конференција се Шведкста агенција за меѓународна поддршка (СИДА) во рамките на Амбасадата на Шведска во Тирана, како и претставници на ЛРФ (Федерација на фармери на Шведска). Целта на конференција е да се придонесе во продлабочувањето на идното вмрежување преку земјоделските организации и групации од аграрната област и истовремено да се види можноста за взаемна соработка на регионално ниво.
Директорот Халили ја претстави СКСЗМ како нова членка на оваа балканска организација, односно целите и мисијата на СКСЗМ, досегачните активности, како и причините и потребата од основање на групацијата за земјоделство и рурален развој во рамките на СКСЗМ.
Претставниците на оваа конференција ја поздравија Групацијата во рамките на СКСЗМ во Б.А.А.Н., ветувајќи во спроведувањето на директните билатерални соработки.
Comments are closed.