Годишно Собрание на Македонско-Бугарската Стопанска Комора
Присутни во Собранието беа амбасадори, претставници на невладините организации, Претседатели на Стопанските Комори во земјата и Министерот за Економија г-дин. Беким Незири.
Во неговото обраќање Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, г-дин. Мендерес Кучи, истакна дека регионалната соработка меѓу државите е неопходна за побрз економски развој, а тоа ќе се постигне само со изградба на добра инфраструктура и поврзување со коридори.
Кучи истакна дека Македонија не ја гледа како поделена држава од светот на бизнисот, затоа Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија е отворена за секоја соработка и дава максимална поддршка за реализација на проекти кои влијаат на подобар економски развој.
Ние сме убедени дека на секоја пречка која може да наидеме, со наши сиие и со добра соработка со нашите бизнис партнери ќе имаме успех во постигнување на нашата мисија и визија – додаде Кучи.
Инаку, Бугарија е шести трговски партнер на Македонија, главно во тргување со метали и нафтени деривати.