Годишната конференција на тема “Предизвикот на компаниите од РСМ во обезбедувањето на работната сила во период на глобализација и дигитализација“.
19.06.2023 година, Скопје – Во просториите на Стопанската комора на северо-западна Македонија се одржа годишната конференција на тема “Предизвикот на компаниите од РСМ во обезбедувањето на работната сила во период на глобализација и дигитализација“.
Поканет како и говорник покрај претседателот Ќура беше и Вицепремиерот за економски прашања на РСМ, г. Фатмир Битиќи, додека во својот говор претседателот на СКСЗМ истакна дека кризата со недостиг на работна сила од ден на ден расте и истата ја предизвикуваат многу фактори. Помеѓу многу работи, тој го истакна нерамномерниот регионален развој, високите придонеси за плати и нелојалната конкуренција што ги спречува легитимните бизниси да се развиваат и да ја промовираат конкурентноста на економски план.
Како барања на претседателот Ќура беа намалување на придонесите и либерализација на пазарот на трудот на регионално ниво, со што ќе им се овозможи на земјите да разменат работна сила за да го пополнат јазот, но и како превентивна мерка за да не заминат во најдалечните земји.
Во меѓувреме, вицепремиерот Битиќи истакна дека дигитализацијата ќе донесе нова ера на пазарот на трудот и дека во наредниот период се бара зголемување на вештините на работниците. Тој исто така нагласи дека компаниите треба да инвестираат во обуки за да бидат во тек со најновите светски трендови.
Панелисти на оваа конференција покрај извршниот директор на СКСЗМ г. Дурим Зекири беа министерот за информатичко општество и администрација г-дин Азир Алиу, директорот на Агенцијата за вработување г-дин Беким Мурати, претседателката на Собранието на МАСИТ и воедно претседавач на Платформата за јавно-приватен дијалог г-ѓа Анета Антова Пешева како и членот на СКСЗМ и основач на компанијата Мотиви Груп г-дин Норик Селими. Преку плодната панел дискусија беа разгледани клучните прашања како што се адаптација на компаниите на пазарните промени, улогата на информатичката технологија во зголемувањето на економските перформанси и јавно-приватната соработка за поттикнување на иновациите и растот на економскиот сектор. Исто така, беше нагласена важноста од нови вештини и соодветно профилирање на работната сила за задоволување на потребите на компаниите во време на забрзани глобални промени.
СКСЗМ со оваа конференција на високо ниво алармира за создадената состојба и дека на следната конференција на оваа тема концептот ќе биде проширен со вклучување на институциите од соседните земји.