Глобален инвестициски самит за Македонија 2012 – Охрид
Главна цел на Самитот е да ги презентира македонските инвестициски и извозни можности пред претставниците на македонската дијаспора и останати потенцијални инвеститори. Работно учество ќе земат видни бизнис лидери од дијаспората, врвни професионалци од глобални корпорации, министри и претставници на Владата на Р. Македонија, како и успешни македонски бизнисмени. Самитот претставува уникатна можност за поврзување и стимулирање на соработката меѓу македонските компании кои имаат развојни проекти и извозни капацитети со компании од странство, со цел остварување заеднички напредок и успех.
Македонија 2025 преку своите економски програми е посветена на позиционирање на Македонија како посакувана дестинација за странски директни инвестиции, како и промоција на конкурентните македонски индустрии на глобалните пазари. Сметаме дека овој настан ќе биде значаен чекор кон зајакнување на врската меѓу дијаспората со македонската бизнис заедница cо цел стимулирање на трговијата, инвестициите и економскиот развој.
Ќе ни претставува особена чест да бидете дел од оваа организација и заедно да го направиме успешен првиот Глобален инвестициски самит за Македонија.
Теми на глобалниот инвестициски самит ќе бидат:
- – Глобални економско-политички перспективи
- – Услови за водење бизнис во Македонија
- – Инвестициска клима во Македонија – искуства на постоечки странски инвеститори
- – Глобално конкурентни македонски производи и услуги – успешни бизнис модели од соработка на македонски и компании од диаспората
- – Финансирање на извоз и на инвестициски проекти – од микрофинансирање до обезбедување финасии за големи инвестиции
- – Соработка со дијасората во насока на создавање економски можности
Учесници на самитот ќе бидат: г-дин Никола Груевски, Претседателот на Владата на РМ, Самих Елхаге – Главен оперативен директот и член на Извршниот одбор на Nokia Siemens Network, Курт Геигер – Директор на Одборот на Raiffeisen Bank International, Мајк Зафировски – висок советник во BlackStone Group и претседател на Македонија 2025, и други.
Во прилог е соопштението и поканата за учество.
За сите дополнителни информации контактирајте на: fatima.vela@oemvp.org или на телефон 076/397-504.
Comments are closed.