Германско – Албанска Економска Конференција
Економската конференција која ќе се одржи во Тирана ќе ги претстави можностите за трговијата и можностите за инвестирање во земјата.
На денот на Конференцијата ќе има презентации за економските перспективи и ситуацијата во Албанија, додека во текот на попладневните часови учесниците ќе имаат можност да се информираат на форуми за дискусија за важни теми како што се: потенцијалот за извоз, инфраструктурата, животната средина и туризмот.
Паралелно се поканети компании од Германија, Албанија и членките на Стопанската асоцијација на Србија, Црна Гора, Македонија и Косово, и другите соседни земји, кои ќе имаат можност за развој на индивидуалните разговори и директни Б2Б средби.
На конференцијата ќе присуствуваат албанскиот заменик премиер, министерот за надворешни работи Едмонд Хаџинасто и министерот за економија Насип Начо. Од германската страна ќе бидат присутни државниот секретар на Министерството за економија и технологија Стефан Капферер, и германскиот амбасадор Карола Милер–Холткемпер.
Учеството е бесплатно, и бројот на учесниците е ограничен, така што треба да го потврдите Вашето присуство што е можно порано.
Comments are closed.