Генералниот спонзор на СКСЗМ, УНИКА Македонија, продолжува со успешната работа!

UNIQA Insurance Group, чиј дел е и УНИКА Македонија, – генералниот спонзор на Комората, е првата осигурителна компанија која се приклучи на сојузот на светски инвеститори во банкарскиот и осигурителниот сектор инициран од Обединетите нации. Целта е да се работи заедно на одржливи инвестиции за да се продолжи патот кон намалување на емисиите на нето-нула.
Австриската осигурителна компанија, која континуирано ја подобрува услугата за клиентите, има над 20.000 вработени во 18 земји во светот.
СКСЗМ е благодарна за долгогодишната поддршка на УНИКА Македонија, која секогаш продолжува да се подобрува, нудејќи нови услуги кон своето членство!