ГБЖ на трибината организирана од здружението на жени менаџери ЕЛИТ
17 Maj 2016 – Групација на бизнис жени при Стопанска Комора на Северо – Западна Македонија присуствуваше на трибината на тема: Деловна комуникација, организирана од здружението на жени менаџери ЕЛИТ во Универзитетот за туризам и менаџмент , Скопје.
На трибуната воведно излагање имаше Ленка Угриновска, Претседател на Елит и на тема: Ефективни техники за вербална и визуелна деловна комуникација; Разликите во деловните комуникации кај мажите и жените и Бизнисот се луѓето,луѓето се бизнисот – презантираа Доц. Др. Валентина Муцунска – Универзитет за туризам и менаџмент, Јасмина Илиевска, менаџер во Д2ЕМ консалтинг за бизнис и менаџмент и Марина Анчевска, оснивач на Центарот за бизнис и психологија, тренер за личен развој со НЛП техники.
Претседателот на Елит, во разговор со членките на ГБЖ, покажа голем интерес за соработка со Групацијата во иднина.
Comments are closed.