Вторo издание на Economicus
30 Март 2016 – Како што Ве информиравме минатата недела, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија овој месец го издава второто издание на економскиот информатор “Economicus”.
Ова е второто издание на ECONOMICUS за март 2016, кој се објавува секој месец за сите членови на СКСЗМ. Свесни за важноста што извозот го има за бизнисите претставени од страна на СКСЗМ, во овој број на Economicus ние им ги нудиме на нашите членки најновите информации за најголемите пазари на извоз на бизнисите од Република Македонија. Пазарите се анализирани од аспект на очекувањата за економскиот раст во 2016 година, макроекономскиот и политичкиот аспект, како и од политиката на одданочување. Идејата за ваквата замисла на информаторот е да им ги понудиме на нашите бизниси информациите за предвидувањата, можностите и ризиците со кои тие можат да се соочат во текот на оперирањето на овие пазари. Во оваа анализа се вклучени трите најважни извозни пазари на Македонија, кои заедно соочинуваат 48% од вкупната вредност на извозот. Пазарите кои се анализирани се: пазарот на Република Германија, Република Косово и Република Албанија.
Како и секогаш, Вашите забелешки и предлози се добредојдени и неопходни за понатамошното унапредување на оваа публикација во следните изданија. За повеќе информации контактирајте со нас на info@oemvp.org.
Второто издание на Economicus може да го симнете тука.
Comments are closed.