Втор Интернационален Бизнис Форум
Македонско Израелскиот Бизнис Клуб, поддржан од Неговата Екселенција г-нот Јоси Амрани, Амбасадорот на Израел во Македонија и Хрватска, во соработка со Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, го организираа Вториот Интернационален Бизнис Форум, во Метролопис Арена, Скопје.
Форумот имаше и B2B средби каде компаниите имаа можност да генерираат нови бизниси и партнери.
Вториот ИБФ е дизајниран за компании од следните сектори: Информатичко-комуникациска технологија, Земјоделие и преработка индустрија, Обновлива/Алтернативна енергија, Медицина и фармација и други.
Учесниците на Вториот ИБФ беа компании од: Македонија, Израел, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словенија. Бугарија, Турција, Словачка, Шведска, Холандија, Украина и други.
Comments are closed.