Вториот состанок на Управниот Oдбор
05 Април 2018 – Стопанската комора на Северо-Западна Македонија на вториот состанок на Управниот Oдбор го дискутираше концептот на степенување на членарината, која од оваа година ќе се заснова врз база на годишниот обрт на компаниите. Оваа година Комората го ажурираше портфолиото на услугите, кои ќе им ги обезбеди на членовите и продолжува со додавање на нови услуги, за да биде целосно функционална за бизнисите.
На средбата беа презентирани и планираните активности предвидени во рамките на “Roadshow на СКСЗМ”, кој ќе започне од овој месец и ќе бидат посетени сите членови на Комората.
На средбата беа разгледани и проблемите со кои членовите се соочуваат при нивната работа со релевантните институции и можностите за нивното решавање.