Втората седница на Управниот и Надзорниот Oдбор
Стопанската Комора на Северо -Западна Македонија денес одржа состанок на Управниот и Надзорниот одбор, а на дневен ред беше платформата за економски развој на северо-западна Македонија.
Во оваа платформа, се вклучени реформи во владините институции, намалување на невработеноста, развој на бизнисот преку специфични програми кои ќе го поттикнат и подржат претприемништвото, разни инфраструктурни проекти и други енергетски проекти.
Исто така, разговараа за развојот на туризмот во градот Струга, на исто ниво со Охрид, и од особена важност беше даден и на развојот на зимскиот туризам на Попова Шапка.
Во рамките на оваа платформа, беа исто така споменати и слободните економски зони, каде што акцент беше ставен на градењето на локални технолошки и индустриски развојни зони во Струга, Кичево и Гостивар.
На крајот се дискутираше за разни други точки, во интерес на членовите на СКСЗМ.
Comments are closed.