Во Economicus следната недела ќе читате …

25 Март 2016 – Следната недела во новиот број на Economicus ќе читате за најновите информации  на најголемите пазари на извоз на бизнисите на Република Македонија.

Пазарите се анализирани од аспект на очекувањата за економскиот раст во 2016 година, макроекономскиот и политичкиот аспект, како и од политиката на оданочување. Идејата за ваквата замисла на информаторот е да им ги понудиме на нашите бизниси информациите за предвидувањата, можностите и ризиците со кои тие можат да се соочат во текот на оперирањето на овие пазари.

Во оваа анализа се вклучени трите најважни извозни пазари на Македонија, кои заедно соочинуваат  48% од вкупната вредност на извозот. Пазарите кои се анализирани се: пазарот на Република Германија, Република Косово и Република Албанија.

Comments are closed.