Во Тетово ќе се направи презентација на производи од Драгаш
На 8-ми октомври 2014 година, Агенцијата за Регионален Развој Југ од Косово, во соработка со Стопанската комора на Северозападна Македонија организира презентација на презентација на производи од Драгаш во градот Тетово.
Настанот ќе се одржи во Ресторан „Тиволи„ во Тетово, со почеток во 11:00 часот.
Оваа активност е дел од спроведувањето на Проектот „Поддршка на Општина Драгаш во спроведување на Развојниот план„, овозможен од Програмата на УНДП во Косово и финансиран од Финската амбасада во Косово.
Во текот на овој настан, граѓаните на Тетово ќе имаат можност да се запознаат и да поразговараат со производители од Општина Драгаш, да научат повеќе за нивната традиција, храна и култура.
Делегацијата од Косово ќе се состои од по 3 претставници од синџирите на вредност:
- Пчеларство
- Текстил и занаетчиство
- Шумски плодови.
Ве очекуваме!
Comments are closed.