Во Тетово се одржа презентација на производи од Драгаш – Косово
Настанот се одржа во Ресторан „Тиволи„ во Тетово, со почеток од 11:00 часот.
Оваа активност се спроведува во рамките на Проектот „Поддршка за Општина Драгаш во спроведувањето на Развојниот План„, овозможен од Програмата на УНДП во Косово, а финансиран од Финската амбасада во Косово.
„Благодарение на ваквите настани и иницијативи, сè повеќе се зголемува бројот на заинтересирани лица за ваков вид на еко производи. Имаме предвид дека со Драгаш, кој се наоѓа од другата страна на Шар Планина, имаме многу сличности – затоа и ние треба да му оддадеме важност на ваквиот вид производи”, истакна меѓу другото претседателот на СКСЗМ, г. Мендерес Кучи во неговото поздравно обраќање.
Во текот на настанот, граѓаните на Тетово имаа можност да се запознаат и да разговараат со производители од Општина Драгаш, како и да дознаат повеќе за нивната традиција, храна и култура. Се презентираа производи од областа на пчеларството, текстил и рачна изработка, како и производи и преработки од шумски плодови.
СКСЗМ особено се заблагодарува на претставниците на медиумите ТВ КОХА, ТВ АРТ и МЕНАДА за проследувањето на настанот. Изјавите на претседателот на СКСЗМ може да се проследат на овие медиуми.
Comments are closed.