Во Приштина организирана регионална конференција за интензивирање на регионалната соработка
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, претставена од страна на претседателот Мендерес Кучи, учествуваше во регионалната конференција “Интензивирање на регионалната соработка – Надминување на економските предизвици, зголемена регионална економска соработка и напорите против сивата економија” во Приштина во организација на косовското Министерство за финансии, на која присуствуваа министерот за финансии на Република Албанија, ШкељќимЦани, Зоран Ставрески – Заменик/премиер и министер за финансии на Република Македонија, Бесим Беќај министерот за финансии на Република Косово и Радоје Жугиќ – Министерот за финансии на Република Црна Гора.
Премиерот на Косово, Хашим Тачи, ја отвори конференцијата и кажа дека ова е јасен сигнал за регионалната соработка, која би сакал да стане годишна пракса.
Тој додаде дека е повеќе од потребно за регионот да се изгради заедничка стратегија која ќе помогне во побрзо постигнување и реализирање на економски проекти, како што се патната инфраструктура.
За борбата против сивата економија и нивото на домашното законодавство, зборуваше заменик. премиер и министер за финансии на Македонија Зоран Ставрески. Тој истакна дека, како земји во регионот кои се присутни на овој состанок, сите посебно се мали земји, така да треба да работат сите заедно и да ги адаптираме нашите стандарди со европските.
Претседателот на СКСЗМ, го модерираше вториот панел на тема Улогата на регионална даночна администрација во заштита од фискална евазија, каде панелисти беа Беџет Халити – директор на Даночната администрација на Косово, г-ѓа. Брисида Шехај – директор на даночната администрација во Албанија и г-дин Тихомир Краљ – заменик. Директор на даночната администрација на Хрватска, Горан Трајковски директор на Управата за јавни приходи на Maкедонија и директорот на јавните приходи од Црна Гора.
Претседателот Кучи истакна дека оваа организација претставува важен чекор кон регионалната соработка во минимизирање на даночното затајување, кој е во исто време во корист на секоја држава, но придобивки има и формалниот бизнис, бидејќи администрација на даноците во спречувањето на фискалната евазија ќе има позитивно влијание во зголемување на конкуренцијата. Негативниот импулс кој произлегува од неформалната економија го поткопува економскиот развој на земјите и поволна позиција им овозможува на компаниите кои се дел од оваа економија, па сметам дека таков чекор би ја нагласил вистинската вредност на конкурентноста бо бизнисот, и во исто време приходите од даноци ќе се зголемат.
Ставрески зборуваше на панелот “Улогата на регионалната соработка во борбата против сивата економија”, во кој исто така учествуваа министрите за финансии Радоје Жугиќ од Црна Гора, Шкељќим Цани од Албанија и Бесим Беќај од Косово.
Исто така, учествуваа претставници на даночните и царинските управи на Република Косово, Република Албанија, Република Македонија, Република Црна Гора, Република Хрватска, како и претставниците на бизнисот од овие земји. На оваа конференција присуствуваа и други претставници на локални и меѓународни институции.
Comments are closed.