Владата присутна на работниот ручек на СКСЗМ, се соочи со проблемите на бизнисот

Скопје, 16.03.2022 година – На работниот ручек на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија присуствуваше  Претседателот на Владата на РСМ, г. Ковачевски, Првиот Заменик на Претседателот на Владата г. Груби, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење г-ѓа. Грковска како и министри од значајни економски сектори, меѓу кои и г. Бектеши, г. Бесими и г. Бочварски.

Овој работен ручек ја постигна својата цел, каде на членовите на СКСЗМ им беше овозможено да ги постават своите прашања директно до највисоките владини претставници и да добијат соодветни одговори. Присутни беа и претставници на еминентни бизниси во земјава, со што СКСЗМ успешно ја реализираа и ова активност, имајќи предвид дека бизнисите се соочуват со последователни кризи.

Приватниот сектор вработува над 650.000 работници и е локомотива на социјалната и економската благосостојба на нашата земја и поради оваа причина СКСЗМ продолжува да го спроведува својот годишен план врз основа на својата 4-годишна стратегија која цели кон колективниот економски интерес на општеството, бизнисот и државата воопшто.