Вклучување на бизнис секторот во изготвувањето на Националната стратегија за развој

25.10.2022, Скопје – Стопанска Kомора на Северо-Западна Македонија во соработка со УНДП и во рамките на Платформата за јавно-приватен дијалог организираше Визионерска работилница со бизнис секторот со цел нивно вклучување во процесот на изработка на Националната стратегија за развој (НДС).

Националната развојна стратегија е долгорочен стратешки документ, кој со сеопфатен, аналитички и партиципативен пристап ќе „продуцира“ аполитичен, сеопфатен, долгорочен развоен документ, со приоритети дефинирани во интерес на општеството и државата.

Целта на работилницата е да се дефинираат главните предизвици и да се создаде визија за посакуваната иднина на нашата земја во следните 20 години.Треба да се нагласи дека тука беа опфатени и ставовите и идеите на бизнис секторот имајќи ги предвид важноста на истата во контекст на стимулирање на развојните процеси на национално ниво.

СКСЗМ секогаш бара вклучување на бизнисот во одлучувањето на национално ниво во однос на прашањата што го засегаат и во исто време цели и обезбедува вклучување на своите компании-членки во одлучувањето.