СКСЗМ беше почестена со признание за својот придонес во туризмот за 2017 година

27 септември 2017 – Министерството за економија оваа година, во чест на Светскиот ден на туризмот, им се заблагодари на најуспешните во туристичкиот сектор: хотели, ресторани, туристички агенции, туристички манифестации, најубавите плажи, како и во областа на соработка со факултетите и стопанските комори за 2017 година.

Во оваа прилика, на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија им беше дадено признание за својот придонес во развојот на туризмот во Македонија и идентификување на можните чекори за реформи во туристичките политики и законодавството во нашата земја.

Според СКСЗМ туризмот е еден од најголемите сектори за раст во нашата земја, со голем потенцијал за привлекување на странски и домашни инвестиции како и можности за создавање на нови работни места. СКСЗМ постојано предлага законски измени за мерки кои ќе ја подобрат деловната клима и однесувањето на туристичката стратегија.

Награди им беа доделени на членките компании на СКСЗМ, Хотелот Нју Стар, Хотел Парк, Скардус, Буши Спа и на туристичката агенција Вас Тур.