Билатерална средба со Унион Банка во Албанија
Стопанската комора на Северo – западна Македонија на 12 октомври 2012 година во Тирана, одржа билатерална средба со генералниот директор на Унион Банка во Албанија, г-дин. Газменд Кадриу.
На средбата се разговараше за важни теми за двете страни од областа на економската соработка и можностите кои ги нуди оваа банка на нашите членови и на нивните бизниси во Албанија, нудејќи банкарски услуги прилагодени на нивните потреби.
СКСЗМ својата улога ја гледа како посредник во развојот и олеснувањето на трговските односи меѓу Македонија – Албанија, гледајќи ги сите реалните можности кои постојат за нивно спроведување.
Во текот на овој прв состанок, двете страни се согласија да продолжат со средбите и во иднина да ги разгледаат можностите за соработка, и исто така, различните услуги кои можат да бидат понудени на сите членови на Комората кои работат во албанскиот пазар.
Comments are closed.