Бизнис форум Хрватска – Северна Македонија
26.09.2022 Загреб,- Претседателoт на СКСЗМ, г. Неби Хоџа учествува на Бизнис форумот, со тема „Гледајќи кон иднината во време на предизвици: продлабочување на македонско-хрватскa соработка и економско партнерство “ што беше во организација на Стопанската Комора на Хрватскатаво соработка со Амбасадата на РСМ во Загреб и Македонско-хрватскиот бизнис клуб.
Целта на овој Бизнис форум беше да се создаде соодветен амбиент за соработка меѓу бизнисите од двете земји, размена на искуства и идеи, што истовремено би влијаело на растот на регионалната соработка.
Имаме културни сличности и сме мали земји во споредба со големите земји од Западна Европа, затоа треба да го искористиме ова како можност и како причина за дополнително зголемување на нашата соработка. – истакна меѓу другото г.Хоџа.
Исто така на оваа средба беше потпишан меморандум за соработка помеѓу СКСЗМ и Стопанската комора на Хрватска со цел подобрување на економската, индустриската, културната и научната соработка, поттикнување и развивање на претприемништвото и претприемничките иницијативи меѓу двете земји, како и придонес за поврзување на претставници на две земји.
Соработката со Хрватска е од големо значење и на оваа средба треба да се гледа како на мост кој ќе им овозможи на компаниите од двете земји полесно да ги остварат своите цели за проширување на други пазари.