Бизнис Форум со компании од Турција
Денеска во Скопје тие имаа бизнис средба со членките на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија.
“Досегашната соработка со турските компании е добра, но има простор да се подобри. Како Комора можеме да им понудиме техничка поддршка и информации за областа за која се интересираат и да ги поврземе со компаниите кои се наши членки”, изјави потпретседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Назми Ејупи пред почетокот на средбата.
Во април догодина, очекуваме да дојдат повеќе турски компании на бизнис средба во Скопје и тогаш поконкретно ќе ги поврземе со нашите компаниите со кои може да соработуваат.
Ахмет Шенер од Трејд Турк, компанијата која ја организира средбата во Скопје, истакна дека цел на денешната средба е преку взаемни разговори да видат какви потенцијали има за соработка меѓу стопанствениците од двете држави.
“Во април идната година ќе дојдеме со поголема делегација на бизнисмени од Турција со кои темелно ќе ги прочешламе условите за соработка и ќе имаме конкретни заложби за подобрување на економската и индустриската соработка меѓу нашите две земји. Тогаш ќе имаме претставници од сите бранши на економијата”, рече Шенер.
Тој посочи дека во делегацијата што ќе дојде во април ќе има турски бизнисмен што има намера да гради училиште во Македонија, кое ќе му го подари на Министерство за образование и наука, како и бизнисмени кои веќе изградиле фабрика во Македонија.
Зија Ѓувенч, ректорот на Универзитеотот Чанкаја и претседател на Асоцијацијата која брои 1.200 компании рече дека дошле за да ги истражат можностите за инвестирање во Македонија.
Целта на нашата посета е да водиме разговори со челниците на македонската држава и Влада и заедно да разгледаме во кои гранки се најпотребни инвестиции во Македонија. Во април ќе дојдеме со претставници на сите фирми кои дејствуваат во состав на нашата Асоцијација и тогаш очекувам да имаме поконкретни резултати, рече Ѓувенч.
Нагласи дека од средбата ќе имаат корист двете држави и ја оцени како добра прилика за подобра идна стопанска соработка меѓу Македонија и Турција