Бизнис форум Македонија – Белгија
19 Мај 2916 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во соработка со другите комори на Македонија и во организација на Министерството за финансии, денеска го реализираа бизнис форумот помеѓу компаниите од Белгија и Македонија.
На форумот присуствуваа над 40 компании од различни сектори на Македонија и Белгија, кои имаа можност преку директни средби да разговараат за идната соработка.
Овој форум има посебно значење во контекст на развојот на билатералните односи и е добра можност за промоција на трговската соработка меѓу двете земји. Форумот беше проследен и со Б2Б средби, на кој присуствуваа претставници од познати компании од Белгија и Македонија, како и други актери на политиката и бизнисот.
Comments are closed.