Бизнис Форум Македонија-Албанија

 

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија во покровителство на  Амбасадата на Република Македонија во Тирана и во соработка со Меѓународната Канцеларија Инвест ин Маседониа – Албанија & Косово, на 30-ти Април 2014 во просториите на Тирана Интернатионал Хотел & Конференс Сентер го одржа Бизнис Форумот и Инвестициите Македонија-Албанија Второ Издание вклучувајќи го и Косово,

со фокус на следните теми:

Директните Странски Инвестиции

Храна & Пијалоци

Агробизнис

 Во овој настан учествуваа над 200 Бизниси од Македонија, Албанија и Косово.

Бизнис Форумот и Инвестициите беше организиран по повод на посетата во Албанија на Агенцијата за Странски Инвестиции и Промоција на Извозот на Република Македонија и Г-дин Мендерес Кучи, Претседател на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија.

Настанот беше отворен од страна Неговата Екселенција Стојан Карајанов , Aмбасадор на Република Македонија во Република Албанија, работата на форумот го поздравија  високи функционери  на  Владата на Албанија , Илир Мета-Претседател на Собранието на Република Албанија, Арбен Ахметај -Министерот за економски развој , трговија и претприемништво, Едмонд Панарити-Министерот за земјоделство , рурален развој и водостопанство и Мањола Ѓони- Извршен директор на  албанската агенција за инвестиции и развој .
Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија г-гин.Мендерес  Кучи  истакна дека нашите пазари на  Македонија и Албанија мора да соработуваат со цел да се натпреваруват во европските и глобалните пазари.
Од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија г-ѓа . Диана Тоска направи детална презентација на условите кои ги нуди Македонија  на странските инвеститори .

Бизнис делегацијата од високо ниво, учеснициите во овој форум  се фокусираа и акцент беше ставен на следните теми како: Директните Странски инвестиции, храна & пијалоци и агробизнис.

 За време на презентации на Форумот, говорниците изјавија одраз на економската ситуација во Македонија и презентираа бизнис можностите во земјата. Учесниците во овој бизнис форум и инвестиција, имаа можност да се запознаат и дискутираат за инвестициите и можностите за соработка во бизнис со делегацијата на Македонија.

Подоцна се организираше Мини саем, каде се дегустираа прехранбените производи и пијалоците од Македонија и Албанија, и Б2Б на компаниите на двете држави.

Comments are closed.