Бизнис форум во Скопје и Тетово
Овој форум, вториот по ред на Општина Тетово, на фокус ги имаше иновациите и поддршка на иновациите преку четири панел дискусии. Темите беа фокусирани и главно сконцентрирани на економскиот развој и можностите за отворање нови работни места во периодот 2015 – 2020 преку меѓусекторска соработка и поддршка на иновацитте во бизнисот, беше дикутирано и за улогата на коморите и кластерите за поддршка на иновациите, бизнис центрите како форма на поддршка на иновации, меѓународна поддршка и соработка за регионален развој и користење на медиумите и европските фондови за поддршка на иновациите.
Присутни на панелот беа претседателот на СКСЗМ, г-дин.Menderes Кучи, г-ѓа.Кандис Џонсон, претседател на бизнис ангелите EBAN и Софија Франција, г-дин Дејвид Tee, раководител на членството на мрежата на бизнис ангели во Брисел, г-дин.Xho Гренит, директор на Центарот за иновации основан од страна на ЕУ за регионот на Ирска, г-дин.Бајбар Алтунташ, Претседател на асосијацијата на бизнис ангели на Турција, г-дин.Мирољуб Шукаров, професор на Факултетот за Бизнис и економија на УЈИЕ и г-дин.Илија Вучков, Претседател на Евро-македонскиот центар за иновации и знаење.
Во текот на дискусијата, Претседателот на СКСЗМ, истакна три клучни точки на кои нашата земја треба да се фокусира со цел да се постигне раст на вработеноста: хармонизација на домашното законодавство со потребите на пазарот и да се земат предвид мислењата на приватниот сектор во составувањето и изсгласувањата на законите кои влијаат на економијата, директна поддршка на малите и средните претпријатија, а особено на start-up бизнисите, обезбедување на разни даночни олеснувања, со што ќе го зголеми процентот на фирми кои особено во првите 3 години се соочуваат со ризик од губење на уделот на пазарот, поддршка и давање приоритет на локалните инвеститори пред странските инвеститори на сите можни нивоа на фаворизирање на бизниси, бидејќи локалниот бизнис е оној кој не само што обезбедува поголем број на работни места, но, исто така, придонесува директно во државниот буџет.
Тој исто така, истакна колку е важно во денешно време за секој бизнис да бидат инвентивен, да ги следи потребите на пазарот и врз основа на побарувачката на пазарот да обезбеди производи или услуги кои ги задоволуваат потребите на потрошувачите. Бизнисите треба задолжително да бидат иновативни, бидејќи само со таков пристап не само што ќе се постигне континуитет во тековните работи на компаниите, туку, и ќе се обезбедат нови клиенти и нови работни места – истакна Претседателот Кучи.
Членството на СКСЗМ и ние како институција што ги претставува нивните интереси во контуинитет имаме тенденција да ги следиме современите трендови на деловно работење и токму на ова насока се ангажираме и на реализирање на различни средби, со кои често можат да бидат идентификувани различни потреби, но исто така и можна соработка меѓу стопанствениците од различни земји. Значи дополнителна компонента која може да се земе во предвид е реализацијата на инвестиции помеѓу локалните инвеститори и странските инвеститори. Ова значително ќе се одрази не само на испраќање порака до странски партнер дека неговиот бизнис е безбеден тука, но тоа исто така ќе служи за пренос на знаења и искуства од странски земји на локалните инвеститори.