Бизнис регулатива објавува оглас за изработка на бизнис план за веб сајт
Бизнис регулатива преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива објавува оглас за ангажирање на правно или физичко лице за изработка на бизнис план за потребите на веб сајтот biznisregulativa.mk.
Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива е проект кој се спроведува четири години, а се имплементира од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со Стопанска Комора на Македонија, Стопанска Комора за Информатички и Комуникациски Технологии – МАСИТ, Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија и Сојуз на Стопански Комори на Македонија.
Целите на Проектот се подобрување на работењето на микро, малите и средни претпријатија во однос на усогласеноста со законската регулатива, исполнувањето на бараните мерки, задачи и обврски, кои претставуваат најчест проблем. Активностите на проектот се насочени кон помагање на бизнисите во процесот на усогласување со законските барања и да се поттикнат истите да земат активно учество во креирањето на политиките кои ги засегаат.
Дел од активностите на Проектот е агрегатниот веб портал www.biznisregulativa.mk. Агрегатниот интернет портал biznisregulativa.mk е производ на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.
Овој портал е прв и единствен од ваков тип, каде бизнис заедницата може да се информира за најновите настани и бизнис активности во државата, како и за промените во законската регулатива поврзана со секојдневното работење.
Предмет на договорот е изработка на бизнис план за монетизација на агрегатниот веб портал www.biznisregulativa.mk.
Постапката ја спроведува Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје. Средствата предвидени за склучување на договор се обезбедени преку Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива. Буџетот за склучување на овој договор е фиксен изнесува 1.500,00 УСД. Договорот со избраниот кандидат ќе го склучи Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје.
Временскиот период за извршување на ангажманот е од мај 2019 година до 30-ти јуни 2019 година.
Можат да аплицираат правни и физички лица кои имаат претходно работно искуство во водење на маркетирање и продажба на рекламен простор на веб сајтови, комерцијализација на веб сајт, соработка со маркетинг, ПР и агенции за рекламирање, да има познавање на онлајн пазарот во Македонија и алатките за дигитално огласување. Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да аплицираат со испраќање на ЦВ за физички лица, тековна состојба и референтна листа за правни лица.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат со доставување на бараните документи најдоцна до 17.05.2019 година 16 часот (по локално време) на следната електронска адреса: asutoglu@epicentar.mk.
Кандидатот ќе биде ангажиран за изработка на бизнис план за агрегатниот веб портал кој ќе опфати:
– Анализа на функционирањето на агрегатниот веб портал во однос на исплатливост и одржливост;
– Анализа на трошоци (минимални и оптимални) за функционирање на веб порталот;
– Анализа на трошоци за веб сајтот во која ќе бидат вклучени решенија за хостинг и домен, плати и маркетинг;
– Идејни решенија за правната поставеност за начинот на функционирање на агрегатниот веб портал и само одржливост на агрегатниот веб портал.
Comments are closed.