Бизнис заедницата, за прв пат потпишаа меморандум за јавен – приватен дијалог со Владата

09 Мај 2018 – Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, заедно со другите стопански комори во земјата партнери во проектот на УСАИД “Партнерство за подобра бизнис регулатива”, денеска потпишаа меморандум за соработка за создавање на јавен – приватен дијалог со Владата на Република Македонија.

За прв пат, сите комори со високо ниво во земјата со меморандум за соработка ќе создадат дијалог меѓу јавниот и приватниот сектор, преку кој ќе придонесат во подобрувањето  на условите за водење бизнис во нашата земја,зголемување на конкурентноста на економијата на Република Македонија,подобрување на квалитетот на домашните производи и услуги и забрзувањето на севкупниот економски раст и развој на Република Македонија.

Приемниот говор на овој настан го имаше Премиерот на Република Македонија Зоран Заев, Претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа, Претседателката на Сојузот на Стопански Комори на Македонија Даниела Арсовска, Претседателот на Стопанската Комора на Македонија Бранко Азески, претставникот на канцеларијата на УСАИД во Македонија Дејвид Атебери и  Директорот  на проектот “Партенрство за подобра бизнис регулатива” Лубомир Димовски.

Во вториот дел од состанокот се презентираа наодите од  две истражувања во рамките  на проектот  “Проценка на деловното опкружување во Македонија” и оценка на приоритетните мерки што треба да се преземат за подобрување на деловната клима во земја, по што се одржа дебата меѓу присутните.

Во рамките на своите надлености, Владата изрази подготвеност да придонесе и да учествува на актуалната реализација на содржината на овој меморандум за соработка преку организирање заеднички состаноци, форуми, семинари, трибуни итн.

Го поздравувам овој чин кој треба да ја зајакне комуникацијата  во однос на државата и приватниот сектор, кон градење на довербата и партенрството што ќе овозможи долгорочен напредок и развој на економијата на земјата.Ние треба да продолжиме да работиме заедно за да ги оствариме нашите цели и да создадеме подобри услови за инвеститорите и домашните компании, и преку  оваа соработка ќе се поставаат форми на ефективна координација и дијалог – рече Претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, истакна дека јавниот приватен дијалог обезбедува структуриран пристап со учество и вклучување на клучните засегнати страни во креирање на политики во насока на реформи во владеењето и реформи во опкружувањето , за да се создаде едно опкружување стимулирачко за бизнисот.

Како влада која промовира демократско и отворено владеење, веруваме дека само со силен придонес на приватниот сектор во реципрочниот дијалог, вашето учество во креирањето политики, ангажманот за подобрување на квалитетот на претставувањето на бизнисот и усогласеноста со демократските институции, можаат да бидаат предуслов за добро владеење и одржлива реформа – рече Зоран Заев.

Јавниот-приватен дијалог ќе се спроведува преку Комисија составена од по еден претставник на секоја од договорените страни.Се очекува првата седница на Комисијата за јавен – приватен дијалог  да се свика во рок од 30 дена, каде ќе се одобрува проект предлогот на Регулативата за Работа на Комисијата, предложена од Платформата на Јавен-Приватен Дијалог.