Бизнис делегација од Турција
Целта на средбата беше продлабочување на соработката со компаниите од Турција. Присутните ги поздрави и претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, г. Мендерес Кучи, кој во своето обраќање истакна дека ќе им се даде поддршка од СКСЗМ за инвестирање во Македонија, каде ја потенцира и потребата од заедничко инвестирање.
Исто така, претседателот на СКСЗМ рече дека турските искуства, како и освоениот пазар од страна на турските бизнис во Европа и пошироко, ќе биде многу корисно и за домашните бизниси. Додека од друга страна изворите во нашата земја и даночните олеснувања кои ги ветува Република Македонија за странските инвеститори во слободна зона во Тетово, се услови кои потикнуваат интерес кај турските и другите компании, кои сакаат да се поврзат и истовремено да инвестираат со заеднички капитал во нашата земја.
Comments are closed.