Home / Бизнис Делегацијата на СКСЗМ продолжи со посета на Тирана

Бизнис Делегацијата на СКСЗМ продолжи со посета на Тирана

15 Maрт 2016 – Бизнис делегацијата на СКСЗМ денеска продолжи со посета на Албанија, на три-дневната мисија, со цел интензивирање на соработката и воспоставување на нови деловни врски меѓу компаниите од двете земји.

Делегацијата од Македонија се состои од членките на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македoнија, кoи ги претставуваат пoтенцијалните oбласти какo што се трговијата, инфраструктурата, земјоделството, енергетиката, туризмот и други.
Во текот на денешниот ден, беа подржани и состаноци со владата, и премиерот Еди Рама, претседател на Собранието, Илир Мета, министер за финансии, Арбен Ахметај, министер за економски развој, туризам, трговија и претприемништво Милва Економи, министерот за земјоделство Едмонд Панарити, министерот за енергија и индустрија Дамјан Ѓикнури, и заменик-министерот за транспорт и инфраструктура Бахри Шаќири. Дел од овие многу важни средби беше и средбата со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.

2