Членките на СКСЗМ на состанок со ДР-ДПА

05 Април, 2016 – Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија продолжува интензивно со консултациите со политичките партии за нивните економски програми. Главната цел е да се информираат членовите на Комората со економската платформа на секоја политичка партија посебно, така што и ние ќе можеме да дадеме придонес  како претставници на бизнис интересите во земјата.

Обично процесот на идентификување на приоритетите во рамките на стратешки и политички платформи е проблематичен,  земајќи го секогаш во превид одржливиот економски раст и благосостојбата на жителите на Република Македонија. СКСЗМ цели кон економскиот развој на земјата преку создавање на функционална пазарна економија која е конкурентна на меѓународно ниво, и да им овозможи висок животен стандард на сите граѓани. Ако се фокусираме на бизнис заедницата и соодветното справување со предизвиците со кои се соочуваат во било која активност во креирање политики, Комората како штит на  бизнис интересите се обидува да ја артикулира загриженоста на своите членови и да им пријде на проблемите барајќи трајно решение на долготраен рок. Овој одржлив економски развој ќе се базира на неколку клучни фактори, кои ќе бидат катализатор за економскиот развој. Бидејќи ДР-ДПА е партија која  нема владејачка историја, СКСЗМ не може да го оцени спроведувањето на плановите наведени во нивната платформа. Сепак, постои простор за разговори за идентификување на  точките кои самата платформа мора да ги содржи, да се зајакнат или подобрат – кажа претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа. Членот на претседателството на ДР-ДПА Елми Азири пред членките на Комората ја претстави економската платформа и предвидените мерки на партијата за даночните олеснувања и другите важни прашања за економскиот развој.                Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија бара од политичките партии во земјата да имаат мерки за бизнисот и економски развој со дефинирани рокови. Поточно, барањата на бизнисмените претставени од страна на СКСЗМ до сите политички партии, исто така и за Движење за РеформиДемократска Партија на Албанците се:

  • Транспарентност и отчетност за трошење на буџетските средства и креирање политики;
  • Намалување на нееднаквоста во регионалниот развој;
  • Напуштање на митот за евтина работна сила;
  • Нови мерки за зголемување на вработеноста: чија цел е подготовка на работна сила и нејзината ориентација во одредени профили , и тоа во делот на обуките и стручното образование;
  • Подготвување на економска платформа за одржлив ии конзистентен економски развој;
  • Сериозна посветеност да се зголеми БДП над 4 %

Претседателот на ДР-ДПА Зиадин Села, барања на СКСЗМ ги смета реални, и наведува дека тие не се невозможни, и ги увери бизнисите на Комората дека истите ќе бидат вклучени во нивната економска платформа.

Претседателот Хоџа истакна дека е време конечно да се разговара и да се направи вистинска економска платформа. Платформа која ќе овозможи подобра координација меѓу политиката и економијата, со цел бизнисите да имаат корист од економските капацитети на нашата земја.

Foto 1

foto 3

foto 2