Бизнисите го очекуваат законот за донирање вишок храна – Радио Слободна Европа

Во тек е подготовка на Закон за донирање на вишок храна, во услови кога се проценува дека околу 460 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштија и не можат да обезбедат три оброци дневно, а Македонија е на врвот по фрлање на храна. Законот за првпат ќе ги дефинира правилата за донирањето.

Од Владата деновиве соопштија дека на седница ја разгледувале информацијата за изготвување на Законот, а Собранието се очекува да го усвои до крајот на годинава.

„Бизнисите  претставени од нашата комора имаат општествена одговорност и тие сигурно ќе бидат заинтересирани да придонесат за она што е добро за општеството како целина. Секое даночно олеснување е добредојдено за бизнисите но пред сè треба да се земе предвид фактот за правилно спроведување на законот, за да немаме селективна правда “.

„Можеме да кажеме дека иницијативата за регулирање на прашањето за донирање на вишок храна е прифатлив од страна на бизнисот, но деталите за овој предлог-закон остануваат да се видат за да можеме да зборуваме за вистинскиот ефект на спроведување на овој закон“, вели за Радио Слободна Европа, Дрилон Исени, директор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.

За повеќе прочитајте на линкот: https://www.evropaelire.org/a/dhurimi-i-ushqimit-/30133485.html?fbclid=IwAR0Gl35hQSesw9BH07a8e4CTkgKOUoUkJNpgs5LYiWDfjhYrgy4IOEFC7cg