Бизнисите ги разгледуваат можностите за соработка со Бугарија

17 февруари 2018 – Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, во соработка со другите комори во земјата, денес организираа средба со претседателот на Република Бугарија г-дин Румен Радев, кој од вчера е во дводневна официјална посета на Република Македонија на покана на претседателот на Република Македонија, г. Ѓорги Иванов.

Средбата се одржа со претставниците на двете земји, со очекување дека во иднина односите помеѓу нив ќе се развиваат на прагматичен начин во сите области од заеднички интерес. Според истражувањата од минатата година интересот во деловните односи и бизнис патувањата помеѓу Македонија и Бугарија е двојно зголемен, главно, во осигурување на банкарскиот сектор, металургијата, геолошки истражувања, информациски и комуникациски технологии и угостителство. Ова е резултат на договорот за пријателство, соработка и добрососедски односи, кој минатата година го потпишаа двете земји.

Според статистичките податоци, бугарските фирми во првите девет месеци од минатата година извезле стоки во вредност од 300 милиони евра на македонскиот пазар, од каде увозот во вкупна вредност е од 234 милиони евра. Статистичките податоци покажуваат дека најголем дел од стоките што Бугарија ги извезува во Македонија се од областа на електричната енергија.

Учесниците на состанокот беа категорични дека тековната соработка и зголемување на стоковата размена  помеѓу Бугарија и Македонија ќе продолжи и во наредните години.