Барањата на СКСЗМ и надвор од Македонија

29 Април 2016 – Во март оваа година, една делегација на членките на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) учествуваше во една економска мисија во Република Албанија, чија главна цел беше воспоставувањето и продлабочувањето на институционалната соработка меѓу двете земји, особено во поглед на водењето бизнис и меѓусебните инвестиции.

СКСЗМ, рефлектирајќи врз дискусиите за време на состаноците и тешкотиите со кои се соочува своето членство во текот на дејствувањето во оваа соседна држава, презеде иницијатива за промена на нејзината правна регулатива, со што побара решавање на два конкретни проблеми: аброгирање на одредбата на Министерството за финансии на Република Албанија, со кој се исклучува од увозните обврски, горивото кое го носат обичните резервоари и специјалните депозити на трговските моторни возила, кои вршат меѓународен превоз преку граничната зона на Република Албанија, само за износ до 200 литри за секое патување; и враќање на ДДВ за набавка на гориво  од страна на странските деловни субјекти, кои транзитираат преку граничната зона на Република Албанија.

Барања на СКСЗМ се здобија со приоритетен третман од страна на Министерството за економски развој, туризам, трговија и претприемништво, кое е застапувано од г-ѓа Милва Економи. Ова се докажува со писмото на благодарност, во кое е јасно напишано дека нашите грижи се соодветно адресирани и дека на истите ќе им се даде максимално внимание со цел да се постигне до нивното решавање, со што ќе се придонесе за позитивниот развој на бизнисот меѓу нашите држави.

13091793_10207677077658138_383780184_o