АПЕЛ

Последните денови сме сведоци на споменување на многу имиња на компании, кои циркулираат преку медиуми и портали поврзани со многу случаји во државата. Меѓу нив е и името на нашата компанија членка, која се занимава со градежништво “Trim & Lum”. Бидете особено внимателни пред да ги користите имињата на компаниите, бидејќи тоа може да предизвика голема штета врз нивната работа.

Во исто време ве информираме дека еден од порталите кој ја има објавено веста, се извини јавно за употребата на името на оваа компанија, давајќи образложение дека се појавило недоразбирање со името на слична компанија. Апелираме до вас пред да објавите какви било вести, да добиете точни информации од безбедни извори, бидејќи вака се злоупотребува и се намалува репутацијата на физичките или правните лица.

Со почит,
СКСЗМ