Апел до компаниите членки
Почитувани членки,
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија е секогаш блиску до бизнисите во земјата, со што се овозможува заштита на интересите на компаните членки. Последниот случај што се случи со злоупотребата на името на нашата компанија членка ГЕМАК е загрижувачки и апелираме да се преземат соодветните чекори.
Ние како Комора се грижиме за имиџот и репутацијата на нашите членови,поради тоа со оглед на актуелниот проблем, чувствуваме обврска да ве информираме дека ние како Комора реагираме против секоја злоупотреба што им се прави на нашите членки предизвикувајќи ги на тој начин значителна морална и материјална штета.
Проблемот со кој се соочува ГЕМАК е поврзан со тоа што одредени лица, користејќи го името на оваа компанија, праваат разни фиктивни нарачки и ја измамуваат другата страна, затоа апелираме до сите членови на Комората да внимаваат и детално да ја проверат секоја нарачка или понуда што доаѓа од компанијата ГЕМАК или од трети лица, со цел да не станете жртви на такви злоупотреби.
Доколку имате двоумења во врска со конкретната набавка, ве молиме контактирајте со секторот за набавки и логистика и потврдете со одговорните лица во долу наведените броеви:
- Cектор за набавки и логистика – 02 3137 500
- Владимир Чаушевски – 075 219 090
- Зоран Спасовски – 075 499 949