Амбасадорот на Иран во посета на СКСЗМ
Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија г-дин Мендерес Кучи и извршниот директор г-дин Арбен Халили, денеска одржаа средба со амбасадорот на Исламската Република Иран, неговата екселенција, Saied Sadegh Моhammadi и конзулот г-дин Mohammad Тavakoli.
Претседателот Kучи му се заблагодари на амбасадорот Моhammadi за посетата на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, запознавајќи ги исто така со активностите и структурата на членството на СКСЗМ.
“Како претставник на една држава која има рана цивилизација, ние треба заедно да го прошириме нивото на соработка, не само меѓу културите, но исто така и економски. Како држави, имаме многу ниско ниво на соработка и ова е заеднички предизвик. Ние сме заинтересирани за соработка на ниво на ко-инвестиции меѓу нашите компании и фирмите од Иран”- рече претседателот Кучи.
Од друга страна, неговата екселенција, амбасадорот Saied Sadegh Моhammadi, му се заблагодари на претседателот на СКСЗМ за гостопримството и за понудената соработка помеѓу компаниите од двете земји.
“Ние досега бевме фокусирани на презентација на можностите во структурна форма. Од минатата година во сила стапи договорот за взаемна поддршка на инвестициите меѓу Македонија и Иран, а од февруари 2014 година во сила стапи и договорт за укинување на двојниот данок. Од иновативната и развојната перспектива, Иран во последниве години успеа да биде меѓу десет (10) земји во светот во областа на медицината и енергетиката. Ова зборува за економски и развојниот потенцијал кој го има Иран”, изјави амбасадорот Saied Sadegh Моhammad.
Тоа што е идентификувано како главна пречка за соработката меѓу двете земји е недостатокот на Амбасадата на Македонија во Иран, а самиот амбасадор Sadegh Мохамади Saied вети дека многу наскоро, со цел слободното движење на граѓаните од Македонија кон Иран, во рамките на амбасада во Скопје ќе почнат со конзуларните услуги за издавање работни визи за многу краток временски период.
На крајот, претседателот на СКСЗМ и амбасадорот Saied Sadegh Моhammadi се согласија дека по месецот на Рамазан, делегација на бизнисмени од Македонија ќе го посети Иран, за одблиску да се запознаат со бизнисмените од Иран и исто така, за реализација на соработката.
Comments are closed.