Амбасадорот на Египет во Софија, Бугарија, на посета во СКСЗМ со цел иницирање билатерална економска соработка

Скопје, 30.09.2022 година-Извршниот директор на СКСЗМ г. Дриљон Исени и Оперативниот менаџер г. Дурим Зекири го пречекаа амабасадорот на Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, г.Калид Емара.

Во фокусот на дискусијата на остварената средбата беше соработката меѓу двете држави како и дискусијата за актуелната криза со електричната енергија, каде што г. Исени нагласи дека Стопанската комора на Северо Западна Македонија, легитимен претставник на бизнис заедницата, постојано е во комуникација со членството и со државните институции со цел кризата да се надмине со најмала штета и за бизнисот и за граѓаните.

Се разговараше и за можноста за билатерална економска соработка меѓу двете земји, преку идентификување на заеднички економски точки кои се неопходни во взаемен аспект, за да се дојде до подостапни, но сепак поквалитетни производи и услуги.

СКСЗМ е секогаш отворена за соработки од кои бизнис заедницата може да има придобивки како и економијата на државата воопшто.