Алтернативни можности за финансирање на средните и малите претпријатија
14 Март 2018 – На средбата со директорот на проектот спроведен од страна на УСАИД за Факторинг, г. Ловре Ристевски, директорот на СКСЗМ г-дин Неби Хоџа дискутираа во врска со зголемувањето на конкурентноста на средните и малите претпријатија, и проширување на нивните можности преку користење на алтернативните извори на финансии.
Проектот на УСАИД- Факторинг има за цел да им помогне на малите и средните претпријатија преку изучување и информирање на достапноста на алтернативните финансиски извори.
Проектот за Факторинг нуди техничка помош и спроведува низа можности прекѕ главните три компоненти : подигање на свеста и знаењето на малите и средните претпријатија за можностите за алтернативно финансирање, спроведување на законската регулатива за факторинг и финансиското образование на малите и средните претпријатија .