Албански економски форум на национално ниво во Тирана
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија е претставена од претседателот Неби Хоџа и потпретседателот Нагиб Фејзи на конференцијата “Можности и предизвици на трговските односи меѓу Косово и Албанија”, што се одржа денеска во рамки на албанскиот економски форум на национално ниво во Тирана.
За време на оваа конференција се дискутираше за предизвиците и трговските бариери со кои се соочуваат компаниите во Косово и Албанија во трговијата со производи во овие две земји и за олеснувањата што ги нудат овие две влади.
Неби Хоџа го истакна фактот дека и покрај честите билатерални средби меѓу владата на Р. Северна Македонија и Република Албанија, сè уште постојат бариери.
Нагиб Фејзи рече дека е вистинското време за албанскиот фактор да има меѓународна соработка и да почне да ги интегрира овие економии во комплементарна економија.