Што ги кочи големите инфраструктурни проекти, короната или неажурноста?
„Во делот на инфраструктурните проекти, фокусот повеќе беше изразен во Коридорот 10 отколку во Пан-Европскиот Коридор 8, со што ја модернизиравме инфраструктурната поврзаност со земјите кои имаме голем дефицит во аспект на трговската размена, додека ги занемаривме инфраструктурните проекти кои ни обезбедуваат пристап до Јадранското море и со земјите кои имаме позитивен биланс на трговската размена. Нашата економија го нема искористено потенцијалот што доаѓа од соседните земји, токму поради овој пристап. Не само во делот кон Бугарија туку и кон Коово со кое трговската размена е во наша полза. Но ние се уште не сме поврзани со автопат бидејќи тој проект е веќе многу години запоставен. Од другата страна, Косово има супер модерен автопат до граничниот премин Блаце. Поради ситуацијата со Ковид-19, со новиот ребаланс имаме кратење на капиталните расходи за околу 70 милиони евра, што ќе биде уште потешко да се рализират капиталните инвестиции и потенцијално ќе има застој на истите”, соопштија за Дојче веле од Стопанската комора на северозападна Македонија.
Повеќе во долунаведениот линк: