Членството на СКСЗМ, дел од новогодишната кошничка

15.12.2024 – Започна акцијата „Новогодишна кошничка“. Членовите на СКСЗМ доброволно дадоа придонес во иницијативата, поддржувајќи ги напорите за намалување на цените на прехранбените производи и пијалаците, за давање помош и олеснување на трошоците на граѓаните за време на празничниот период. Оваа акција се организира со учество на различни производители, дистрибутери и трговци, а има за цел да ги намали цените на избраните производи за еден месец, од 15 декември до 15 јануари.

Сите производи кои се вклучени во акцијата на „Новогодишната кошничка“ се означени на полиците на маркетите со слоганот: „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“

Списокот на производи се уште не е затворен и сите заинтересирани компании може да се регистрираат со своите производи.

Ова е важна иницијатива која ја одразува посветеноста на бизнисите да придонесат за подобрување на условите за животот на граѓаните.

За информации околу производите, кликнете на:
https://www.mojakosnica.mk/