Членови на Групацијата на бизнис жени учествуваат на меѓународна конференција

Членката воедно и потпретседател на СКСЗМ, Влора Адеми учествуваше во првата меѓународна конференција “Жените во надворешната политика”, каде беше и панелист. Таа во панелот се изрази дека обидите за постигнување полова еднаквост го немаат постигнато посакуваниот ефект. Според гѓа- Адеми, сеуште фали една длабока посветеност за зајакнување на жените во бизнисот, во граѓанското општество и другите сектори.

Во оваа конференција, учествуваше и г-ѓа Ќаније Селими, сопственичка на едукативниот центар “Rea”, истовремено и член на управниот одбор на СКСЗМ, каде воедно беше и панелист во првиот панел со тема Ковид 19 и неговото економско влијание врз жените.

Во нејзиниот збор г-ѓа Селими се изрази дека економската криза предизвикана од пандемијата на Ковид 19, беше сеопфатлива без да штеди никого. Сепак бизнисите предводени од жени се соочија со потешкотии имајќи предвид  предизвиците кои тие ги имаа и претходно. Таа истотака повика за промоција и раст на бизнисте предводени од жени бидејќи тоа придонесува кон зголемување на вредностите со кои нашата земја и општество ќе се гордеат но истотака тоа ќе влијае врз економскиот раст на земјата.