Хоџа: Партиите мора да бидат особено внимателни со економските закони
Партиите мора да размислат за реалната состојба што ја зафати земјата, каде што економијата е оштетена на значително ниво, додека во последните денови гледаме зголемување на бројот на нови заразени, како резултат на што беше воведен полициски час.
Од аспект на економијата и бизнисот, се наоѓаме во многу деликатна ситуација, земајќи го во предвид и пописот кој е на работ. Затоа, сметаме дека партиите треба да покажат претпазливост, особено за економските закони, бидејќи бизнисот чека помош како неопходна потреба за државата и нејзината економија.
Политичките интервенции и случувања не треба да бидат до степен да колатералната штета е толку голема што целата економија е лишена од државна помош, но исто така е загрозен пописот, иако тоа го баравме многу години и тоа важен процес што ја покажува фактичката состојба во земјата како еден од главните столбови за економската статистика на секоја модерна држава.-вели претседателот на СКСЗМ г-дин Неби Хоџа за Слободен печат.