Успешно поддржани 15 микро и мали комппани како дел од Пост КОВИД-19 трансформативната програма
17.03.2020, Скопје – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија го одржа финалниот настан за промовирање на Пост КОВИД-19 трансформативната програма, со чија имплементација започна кон крајот на минатата година.
Програмата е создадена како одговор на пандемијата и дополнителните потреби кои се наметнаа за креирање соодветни услуги со кои ќе се поддржат микро и малите претпријатија, со цел претпријатијата да ги надминат негативните влијанија од настанатата економска криза. За да се делува брзо на овие предизвици, комората разви Пост КОВИД-19 трансформативната програма, насочена кон компаниите и нивните вработени, пред се за да им помогне да ги одржат своите позиции на пазарот и да создадат дополнителни работни места. Со новите услуги кои се обезбедија, компаниите пронајдоа нови начини за генерирање профит и проширување на деловните можности преку мрежата на комората која брои повеќе од 2.000 компании опфатени во различни бизнис сектори.
Преку програмата досега се поддржани 15 микро и мали локални компании, а изборот на компаниите е направен според принципот „прв дојден прв услужен”.
Компаниите истовремено станаа членки на Комората, им беше овозможено менторство и изработка на поединични бизнис планови како и обуки во областа на дигитален маркетинг, продажба и преговарања. Cо создавањето на оваа програма Kомората докажува дека секогаш е во чекор со различните надворешни фактори кои влијаат врз економијата на земјата и во исто време се покажува креативност и подготвеност за трансформирање на услугите кои се нудат за членките на СКСЗМ, кои ќе овозможат подобрување на условите за водење бизнис во земјата и по периодот на пандемијата. – изјави Дриљон Исени, извршен директор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.
Во своето обраќање пред присутните, Претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Ерик Јановски, говореше за придобивките од инвестирање во капацитетите на компаниите и ја потенцираше важноста за одржливоста на услугите што ги нудат коморите.
„Ве охрабруваме да продолжите да ги користите овие вредни услуги што ги нуди комората и да, да платите за нив. Како бизнис луѓе не мора да ви кажам колку вреди да инвестирате во себе и во своите претпријатија. И доколку вие и вашите бизниси ги гледате придобивките од програмите на комората, споделете го искуството и со други компании за да се приклучат и тие како платени членови. Помогнете им на коморите да станат одржливи, за и тие да можат да продолжат да ве оспособуваат со вештините кои сакате да ги стекнете.
Ние во Владата на САД ги поддржуваме вашите напори со заедничко инвестирање во вакви иницијативи: оние што го јакнат духот на претприемништво, ја поттикнуваат иновацијата и го поттикнуваат економскиот раст преку подобрена конкурентност.“, посочи Ерик Јановски.
СКСЗМ го организираше настанот со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, како дел од целокупната активност за зајакнување на капацитетите на бизнис организациите и подобрување на услугите кои тие ги нудат на компаниите во државата. Покрај придобивките од програмата, на настанот беа исто така презентирани и сите достигнувања и нови услуги кои комората ги разви во изминатиот период и кои моментално се достапни на сите заинтересирани компании.