Тргна првата помош од компаниите на СКСЗМ кон Република Албанија
Преку апелот упатен вчера од страна на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во соработка со Фондацијата Албиз, во врска со трагедијата што се случи во Република Албанија, се мобилизираа многу компании членки на СКСЗМ, како и други бизниси, со цел да помогнат во надминувањето на оваа состојба. Од вчера, формирани се три собирни пунктови, во кои бројните донации не престанаа.
Денес, првата помош тргна да стигне до Република Албанија, каде беа собрани потребни 20 тона прехранбени производи, 2 тона средства за хигиена, ќебиња, шатори, како и пумпи за вода и генератори, во вредност од над 100.000 евра.
Ова докажува дека компаниите секогаш се подготвени да помогнат, да ја зголемат благосостојбата и социјалната одговорност. Посакуваме апелот даден од СКСЗМ да опфати се повеќе и повеќе компании кои ја вршат својата деловна активност во земјата.