„Не можe точно да се каже колку време ќе треба додека да се надмине кризата креирана од пандемијата, бидејќи нејзините димензии се глобални и добро е познато дека ние како економија сме силно под влијание на меѓународниот пазар. Треба да се напомене дека овие категории се најголеми придонесувачи во БДП-то и во тоа ние како Комора во неколку наврати изразивме загриженост за истото бидејќи хотелите и туризмот се потполно затворени за значителен период. Нашата проценка за оваа состојба е дека сите сектори ќе ги почувствуваат последиците од пандемија некој повеќе, а некој помалку, и дека на сите ќе им биде тешко да продолжат, но горенаведените категории и оние со слични ситуации ќе имаат најсериозни проблеми, а економијата веројатно ќе биде дополнително оштетена доколку истите категории не се вратат во нормала што е можно поскоро“, велат од Стопанската комора на северо – западна Македонија.
https://faktor.mk/transport-ugostitelstvo-gradeznishtvo-na-ovie-sektori-kje-im-treba-vreme-da-se-oporavat-po-udarot-na-pandemijata-




